Играчите од регионот и понатаму ќе се сметаат за странци во Првата фудбалска лига на Македонија.
Имено ФФМ ги информирала клубовите дека 11 од 12 клубови биле за имплементирање на ова ново правило, но со оглед на тоа што една екипа не доставила барање и не се придружила до оваа иницијатива, истата нема да биде усвоена.
Од наши неофицијални информации дознаваме дека екипата која не се придружила кон иницијативата е Воска од Охрид, но засега нема официјална потврда од клубот или од ФФМ.
Ова значи дека клубовите одново ќе мора да издвојат екстра средства од своите буџети за регистрација на странски играчи. А од друга страна тоа би било дополнителне приход и прилив во касата на ФФМ како и до сега што значи на крај македонската куќа на фудбалот е во „ќар“
Прволигаш во земјава има право на 4 странци без плаќање на котизација кон ФФМ, а постои можност за плус 4 странци, но за секој се плаќа од 5.000 евра до 20.000 евра за осмиот.