Актуелниот светски шампион во Формула 1 , Макс Ферстапен, призна дека шансите да ја одбрани титулата во оваа сезона се минимални. Возачот на Ред Бул истакна дека големата штета е направена уште во првиот дел од сезоната, кога тимот имаше повеќе проблеми со болидот и не успеа да ги искористи можностите.
„Имавме неколку викенди каде едноставно не бевме доволно брзи. Подоцна успеавме да вратиме дел од бодовите, но тоа не беше доволно. Јасно е дека титулата ја загубивме уште во првиот дел од сезоната“, изјави Ферстапен.
Во првите 15 трки, тимот на Ред Бул имаше само две победи, додека конкурентите остварија повеќе успехи и создадоа значителна разлика во бодовите. Ферстапен признава дека за да се врати конкуренцијата, би било потребно вистинско чудо, со оглед на бодовната разлика.
И покрај тоа, возачот и тимот не се откажуваат и ќе се борат до последната трка, со надеж дека можат да минимизираат заостанок и да завршат сезоната на најдобар можен начин.