Ферстапен откри дека навива за два ривалска фудбалски клуба!

Четирикратниот светски шампион во Формула 1 (Ф1), Макс Верстапен привлече големо внимание со изјавата дадена за британски „Мирор“ по завршувањето на сезоната.

Неговиот одговор на прашањето за кои фудбалски клубови навива изненади, но и насмеа многу љубители на спортот. Ферстапен откри дека ги поддржува двата најголеми ривала во англискиот фудбал, Манчестер јунајтед и Ливерпул.

– Атрактивноста на Манчестер јунајтед во ерата на Алекс Фергусон беше пресудна за мене. Дружењето со холандските играчи како Руд Ван Нистелрој и Робин Ван Перси дополнително влијаеше на мојот избор.

Кога ќе станете навивач, почнувате подлабоко да ја истражувате историјата и достигнувањата на клубот. Таа приказна е навистина инспиративна, изјави Ферстапен, кој верува во светла идни на „црвените ѓаволи“ под водство на новиот менаџер, Рубен Аморим.

Сепак, неговата наклонетост кон Ливерпул неговите симпатизери ја сметаат за необична, со оглед на ривалството меѓу двата клуба.

– Им се восхитувам на игрите на Вирџил ван Дајк и на Коди Гакпо. Кога Ливерпул победува, тоа ме прави среќен. Имаат импресивни резултати.

Исто така, навивам и за Барселона, така што не станува збор за мразење на моите ривали, туку за уживање во добар фудбал, додаде Ферстапен.

За потсетување, Ферстапен ја освои четврта последователна титула светски првак во Ф1 сезонава, пред Ландо Норис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО