Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандес потпиша нов договор со кој ќе го продолжи престојот на „Олд Трафорд“ до јуни 2027 година, со опција за уште една година.
Португалскиот играч од средниот ред постигна 79 гола и имаше 67 асистенции на 234 настапи за клубот. Фернандес (29) му се приклучи на Јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари 2020 година, за 47 милиони фунти, а претходниот договор што го потпиша во 2022 година, истекуваше во 2026 година.
Фернандес рече дека „немаше да го продолжи договорот“ доколку не мисли оти неговите „најдобри моменти во дресот на Јунајтед допрва доаѓаат“.
Тој додаде: „Веќе имав многу посебни моменти овде. Слушајќи го моето име како се пее од Стретфорд енд, постигнувајќи хет-трик против Лидс, водење на тимот на „Олд Трафорд“ во европските вечери и кревањето трофеи на Вембли“.