Фабијани: Сами сме виновни за поразот

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ја отвори новата сезона со пораз.

Поразот од 0-2 (0-1) од првакот на Финска не отвора многу опции пред реваншот следната недела.

Тренерот на вардарци, Кристијан Фабијани на средбата со новинарите по натпреварот рече:„До примениот гол разликата беше што креиравме доста, по десната страна креиравме и добра шанса, но во нашиот најдобар момент примивме погодок. Знаевме дека КуПС е искусна екипа од европски настапи и по еден натпревар не треба да анализираме како сите работи да се негативни.

Ривалите на подготовките беа послаби, но на подготовките важен ни беше физичкиот дел и ние добро одработивме. Тврдам дека подготовките беа успешни. Треба да продолжиме да работиме, ни треба време и во јули ниту една екипа не е максимално подготвена. Еден месец не е доволно време за да го прикажеме нашето најдобро издание. Јас сакам да играме по земја, тактички и допадливо. Извршив неколку замени во вториот дел за да добиеме на брзина, но сами си компликувавме со погрешни пасови. Босанчиќ влезе со срце во дуелите, нема да што да му замерам за настапот и за црвениот картон.

Знам каков е притисокот во Вардар, доаѓам од големи клубови во Аргентина и знам што е одговорност и притисок. Сами сме виновни, кога ќе загубиме треба да молчиме и напорно да работиме.

Гостуваме во Финска да се надигруваме, ни следи натпревар на вештачка трева и нема да се предадеме. Верувам дека можеме да победиме“

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО