Американскиот кошаркар, Мајк Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на Евролигата. Бекот на Монако постигна 4.457 поени во Евролигата и го престигна легендарниот Грк, Василис Спанулис.
Џејмс до рекордната бројка кошеви дојде на натпреварот против Црвена ѕвезда, што го доби Монако со 98:80. Американецот натпреварот го заврши со 20 поени.
Ова е 10-та сезона за Џејмс во елитното европско кошаркарско натпреварување во кое настапуваше за повеќе клубови, за Басконија, Панатинаикос, Армани Милано, ЦСКА Москва и за Монако.
Џејмс има 33 години и може да се очекува дополнително да го подобри рекордот.