Евертон поднесе формална жалба на одлуката на англискиот премиерлигаш да му бидат одземени два бода поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј. Ова го објави „Скај Спортс“ на социјалната мрежа X.
Според изворот, жалбата ќе биде разгледана во следните неколку недели. Да потсетиме, во ноември минатата година, на англискиот премиерлигаш им беа одзедмени 10 бода поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј. Клубот подоцна протестираше против оваа одлука, а како резултат на успешната жалба, на тимот му беа вратени четири бода.
Евертон моментално го зазема 16-тото место на табелата во Премиер лигата. Во следниот натпревар од домашното првенство, кој се игра вечерва играат со Челзи на гости. Во 2024 година, Евертон оствари само една победа во англиското првенство – над Барнли. Сите други натпревари беа или изгубени или нерешени