Еурофарм Пелистер подобар од Тинекс Пролет,Тиквеш го расплака Бутел

Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа четвртата победа во исто толку натпревари во плејоф фазата во ракометната Суперлига.

Битолчани беа подобри од Тинекс Пролет со 32:29 и тоа во дуел во кој блескаше македонскиот репрезентативец, Кузмановски со дури 17 голови. Најголема поддршка му беше Радивојевиќ со пет погодоци, додека на спротивната страна по шест реализации имаа  Димковски и Андоновски.

Тиквеш пак дојде до учиник 3-1 во разигрувањето откако славеше на гостински терен против Бутел. Доста неизвесно беше во дуелот во Скопје кој беше решен со голот на Стефановиќ за 22-21 за клубот од Кавадарци.

Тиквеш во следното коло го дочекува Пелистер што ќе биде нов голем предизвик за избраниците на Стојановиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО