Ерик Ламела заминува од Севилја

Ерик Ламела повеќе не е играч на Севиljа, официјално соопштија од клубот и го испратија од „Рамон Санчез Писхуан“. Аргентинскиот напаѓачи имаше и средба со новинарите по повод заминувањето од Андалузија.

– Како и сите збогувања и ова е малку тажно. Можеби тоа е моментот што играчот никогаш не го очекува, но како професионалец и со искуството што го имам, разбирам дека овие работи се случуваат.

Минав прекрасно време во овој клуб, имам илјадници спомени и моменти. Севилја ми влезе во срцето. Никогаш нема да ја заборавам победата во Лига Европа. Можам само да му се заблагодарам на клубот, изјави 32-годишниот Аргентинец.

За време на тригодишниот престој во Севилја тој одигра 92 натпревари на кои постигна 16 гола и забележа четири асистенции. Најголемиот успех со тимот за Ламела е трофејот во Лига Европа во сезоната 2022/23.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО