Бруно е првото засилување за Лопетеги во Вест хем

Бразилецот Фабрисио Бруно ќе биде првото засилување на Вест хем во летниот преоден рок, објави новинарот Фабрицио Романо.

Бруно, 28-годишниот централен дефанзивец, во тимот од Лондон доаѓа од Фламенго и ќе биде првиот трансфер на новиот менаџер на „чеканите“, Шпанецот, Хулен Лопетеги.

За Бруно, Вест хем ќе плати 12 милиони евра, и уште 1,5 милиони како бонуси. Сезонава Бруно го доби првиот повик за настап во репрезентацијата на Бразил и одигра два натпревара од по 90 минути, на контролките со Англија и Шпанија. Во досегашната кариера, дефанзивецот играше само во бразилски тимови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО