Македонската репрезентација во традиционално карате оствари забележителни резултати на Европското првенство (ЕП) во традиционално карате што се одржа минатиот викенд во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, освојуваќи 19 златни, 18 сребрени и 50 бронзени медали. На ЕП во Скопје учествуваа 358 натпреварувачи од 15 земји.
На првиот ден од ЕП се одржаа натпреварите за деца, од 6 до 13 години, во повеќе дисциплини, поединечно и екипно.
Најуспешни македонски натпреварувачи беа Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Андреј Мишиќ, Дамјан Трајковски, Георги Кокорманов, Војдан Паламидовски, Милан Трајковски, Мурат Ефе Арас, Драган Стојановски, Давид Китановски и други кои освоија 16 златни, 15 сребрени и 47 бронзени медали.
На вториот ден настапија кадетите, јуниорите и сениорите кои освоија по три златни, сребрени и бронзени медали. Најуспешни беа Берта и Јана Милевски, Дамјан Донев, Бојан Богдановиќ и Ива Ромевска.
ЕП го отвори претседателот на МОК, Даниел Димевски, а свое обраќање имаше и јапонскиот во Македонија, Казуја Отсука.
Дејан Недев, претседателот на ЕТКФ и на МТКФ им додели златни плакети за развој на традиционалното карате во Македонија и Европа, на проф. д-р Аце Миленковски, на Даниел Димевски, Казуја Отсука, Венцислав Недев, на Моше Роках од Израел, Фрањо Хорн од Словенија, Мелек Кошар од Турција, Микеле Романо од Италија, Гудрис Дарвеничиус од Литванија, Павел Томашек од Полска, Петар Скрија од Чешка и на Марко Томиќ од Србија.