Тренерот на францускиот ПСЖ Луис Енрике проговори за интересот на Баерн Минхен за дефанзивецoт Маркињос.
-Не сакам да зборувам за трансфери. Историјата вели дека малку играчи го напуштаат ПСЖ. Ако играчите си заминат, тоа е затоа што нивниот договор истекува или клубот сака да ги продаде. Мислам дека ова не се однесува на Маркињос. За мене Маркињос е врвен играч кој секогаш игра добро. Тој е секогаш на своето ниво и е многу важен играч за нас, рече Енрике во изјава профилот на ПСЖ на социјалната мрежа Х.
29-годишниот дефанзивец настапува за ПСЖ од летото 2013 година. Сезонава Бразилецот одигра 26 натпревари за парижаните на сите турнири, на кои постигна две асистенции. Во исто време, според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 60 милиони евра.