Емотивно обраќање на Пантер до сите луѓе во Партизан: Заминувам, но едно да знаете..

Дојде моментот кога Кевин Пантер ќе му каже збогум на Партизан и навивачката група „Гробари“.

Познато е дека тој заминува во Барселона, од каде последните информации зборуваат за тоа дека тој ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

30 годишниот кошаркар од Њујорк по повод трансферот и разделбата со Партизан, излезе со порака.

– Три години во Партизан беа предизвикувачки, неверојатно патување. На соиграчите од претходите три години можам да им кажам дека ги сакам сите. Делевме убави моменти и изградивме поврзаност која долго ќе трае. До стручниот штаб порачувам – бевте најдобри од првиот дел, уште кога стигнав во Белград, ми помогнавте на секој можен начин. Гробарите се најдобрите навивачи на светот, ви благодарам за нестварната поддршка, стоевте со нас гордо и во добро и во зло. На клубот Партизан им благодарам што бев дел од нивната екипа овие три години, секогаш ќе останете во моето срце.

Пантер не пропушти да се прости и од тренерот Жељко Обрадовиќ.

– Вие ме избравте за капитен после мојата прва година во Партизан, ми верувавте, имавте доверба во мене, многу сум ви благодарен за целото одвоено време за мене и за коректниот однос кој го имавте со нас, ПАРТИЗАНЕ, ти благодарам, порача Кевин Пантер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО