Емотивен момент среде емисија со Вујошевиќ: Пораката „ми беше се“ го скрши тотално!

Смртта на Дејан Милојевиќ дојде како шок во соседна Србија, а тоа најтешко им падна на луѓето од Партизан, посебно на екс тренерот на „црно-белите“, Душко Вујошевиќ.

Вујошевиќ кој е доста емотивно поврзан со Партизан, клуб во кој вложи многу во минатото, сега не успеа да ги задржи солзите при гостувањето во ТВ Нова, каде се зборуваше токму на темата за прерано починатиот екс играч на Партизан.

– Како да ви кажам, огромна загуба, ужасна вест. Ми прати некој слика, неговиот син ставил на социјалните мрежи, на која пишувало „Ми беше се“.

Веднаш по тие изговорени зборови, Вујошевиќ беше во тотален зен, односно не можеше да ги сокрие емоциите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО