Екс играчот на Куманово и МЗТ е МВП на колото во АБА

Урош Луковиќ, кошаркарот на црногорски Морнар е прогласен за најкорисен играч на 16. коло од АБА лигата.

Крилниот центар блесна во победата на клубот од Бар против Задар. За 25 минути на паркетот постигна 17 поени со 10 скока и шест блокади. Имаше корисен индекс 32.

Покрај Луковиќ, во ова коло се истакна Шортер од Сплит со 25 поени, Карло Матковиќ, членот на Цедевита, собра 12 скока, Аранитовиќ од Цибона имаше осум асистенции, додека Камењаш од Будќност украде три топки.

Инаку Луковиќ е добро познато име на македонската јавност со оглед на тоа што со успех ги носеше дресовите на МЗТ и Куманово

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО