Лестер не се шегyва – ќе пазари зимава од Интер

Фудбалерите на Интер се на првото место во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги играат добро во најелитното фудбалско натпреварување во Италија, а „нероаѕурите“ би можеле да претрпат одредени промени во зимскиот преоден рок.

Некои играчи имаат слобода да ја сменат средината во овој преоден рок поради одлуката на тренерот Инзаги.

Еден од нив е Стефано Сенси, кој е заинтересиран за тимот на Лестер, кој се натпреварува во Чемпионшип, каде моментално е на првото место и има големи шанси по една година да се врати во Премиер лигата.

Лестер оваа сезона од клупата го предводи Енцо Мареска, кој Сенси би сакал да го види во својот тим и кој одговара на неговата фудбалска филозофија.

Сенси пристигна во Интер од Сасуоло летото 2020 година, а досега има над 40 настапи за клубот од Милано, додека за време на престојот во Милано замина на позајмица во Сампдорија и Монца.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО