Француската репрезентација го совлада Исланд вчера со 39:35 во вториот круг од Европското првенство во Германија.
Еден гол од овој натпревар може на крајот на турнирот да биде прогласен за најдобар на ова ЕП.
ЕХФ Еуро официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер, ги прашува навивачите дали ова е најдобриот гол на првенството, по што ќе биде креирана слика и оценка за тоа кој е најдобар гол на првенството.
Голот е дело на Один Тор Рикардсон, кој на оваа средба против Исланд постигна шест погодоци. Тој беше проигран од Виго Кристјансон на цепелин варијанта, а овој изведе волшебност пред противничкиот голман, кој реално и не виде на каде замина топката.
BEST GOAL OF THE #EHFEURO2024?? ???#heretoplay pic.twitter.com/5a7RtSv4vZ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2024