Едерсон го менува повредениот Весли во бразилската репрезентација

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти мораше да направи принудна измена во својот официјален состав од 26 фудбалери, откако дефанзивецот на Рома, Весли, заработи тешка повреда на мускулот поради која комплетно го пропушта претстојниот планетарен собир.

Официјалното соопштение од Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) потврди дека магнетната резонанца открила сериозно оштетување на адукторот на левата бутина кај 22-годишниот десен бек.

На негово место, искусниот италијански стратег реши да ја смени структурата на тимот и испрати итен повик до 26-годишниот играч за врска на Аталанта, Едерсон, кој деновиве се наоѓа во центарот на вниманието на трансфер пазарот.

Едерсон веќе во понеделник ќе им се приклучи на своите репрезентативни колеги во Соединетите Американски Држави.

Трансферот на Едерсон во националниот тим се совпаѓа со неговиот мега-трансфер на клупски план. Манчестер Јунајтед веќе постигна комплетен договор со Аталанта за неговите услуги.

Англискиот гигант ќе плати фиксна сума од 40,5 милиони евра, со дополнителни 4,5 милиони евра во форма на бонуси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО