Само неколку дена пред почетокот на Светското првенство 2026, во францускиот табор се појави причина за загриженост. Првата ѕвезда на репрезентацијата, Килијан Мбапе, беше снимен како предвреме го напушта тренингот на „триколорите“, а видеата брзо се проширија на социјалните мрежи.
Засега нема официјални информации за евентуална повреда, но секој здравствен проблем на капитенот на Франција би претставувал сериозен удар за амбициите на селекцијата непосредно пред стартот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Франција ќе го започне настапот на Светското првенство во група со Сенегал, Норвешка и Ирак.
Двократниот светски шампион првиот натпревар ќе го одигра токму против Сенегал, а стручниот штаб се надева дека Мбапе ќе биде целосно подготвен за стартот на турнирот.