Ракометарите на Еурофарм Пелистер, вечерва од 18.45 часот, му гостуваат на германскиот Кил во обид да прикажат уште една добра игра и да го изненадат големиот фаворит
– За нас ова е голема шанса да видиме колку сме блиску или далеку од нив. Тоа е можност да видеиме каде мора да напредуваме ако сакаме да се носиме со гигантите во иднина. Посакувам натпреварот да биде сличен како оној со ПИК Сегед во Битола, тука покажавме дека можеме да играме со силните екипи, најави тренерот на битолчани, Бранко Ангеловски, пред денешниот дуел.
Германците на првата средба во Битола славеа со 23:20. Кил се бори за првата позиција на табелата, додека „пелистерци“ ќе бараат шанса за освојување на први бодовите.