Шампионот Еурофарм Пелистер се пласираше во финалето на ракометниот Куп на Македонија откако вечерва во првото полуфинале славеше со 33:29 во пресметката со Тиквеш. Во СЦ „Борис Трајковски“ видовме интересен дуел во кој и екипата на Тиквеш го покажа и потврди својот квалитет, па ги натера битолчани добро да се испотат за победата.
Радивојевиќ постигна 10 гола кај победникот, на другата страна Симиќ и Мијатовиќ имаа по пет погодоци.
Еурофарм Пелистер за противник во финалето ќе го чека утрешниот победник од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид.