Српскиот фудбалер, Душан Влаховиќ, ќе го пропушти натпреварот од 28. коло во Серија А меѓу Јувентус и Аталанта кој ќе се одигра в недела од 18 часот во Торино.
Напаѓачот на „Старата дама“ доби жолт картон во поразот од Наполи со 2:1 во последното коло што беше негов петти во тековнава сезона. Отсуството на Влаховиќ ќе биде голем хендикеп за Јуве. Тој во сезонава за тимот од Торино на 24 натпревари постигна 15 гола.