Актуелниот македонски фудбалски шампион, Струга Трим Лум денеска објави прекин на соработката со шефот на Стручниот штаб, Шпетим Дуро.
Како што објавија од клубот, соработката е прекината во согласност на двете страни. Струга му се заблагодари на Дуро за придонесот во периодот додека го водеше тимот до освојувањето на титулата, но и за одличната сезона во европските купови.