Голманот на Њукасл, Словакот Мартин Дубравка го замолкна Алан Ширер, сега тв коментатор, најефикасниот играч во историјата на Премиер лигата со 260 гола, во врска со фаулот и пеналот над играчот на Ливерпул, Диого Жота на мечот на „Енфилд“ што добија домашните со 4:2.
Дубравка, вели дека „нема смисла да се расправа“ околу инцидентот во врска со пеналот над Жота, опишувајќи го напаѓачот на Ливерпул како „умен “. Тој фаул на Дубравка над португалскиот репрезентативец предизвика бурна реакција на иконата на Њукасл, Алан Ширер, кој инцидентот го опиша како „срамен“ велејќи дека Жота симулирал прекршок.
-Беше фрустрирачки. Тој е паметно момче. Се обидов да ги повлечам рацете и да не го фатам. Имаше контакт, но не знам што друго требаше да направам. Беше пенал, така што нема смисла да се расправаме со нив, со ВАР-от…Тие создадоа многу шанси и беа прецизни на крајот, изјави Дубравка.