Дубаи ќе игра во АБА лигата

Дубаи од следната сезона ќе игра во АБА лигата, оваа одлука ја донесе Собранието на регионалното натпреварување. За учеството во АБА лигата, Дубаи ќе плаќа годишно по 2,5 милиони евра. Извесно е дека по влегувањето на Дубаи, дека во АБА лигата од наредната сезона ќе се натпреваруваат 16 екипи.

Клубовите од АБА лигата ја донесоа конечната одлука овој вторник, а само Партизан беше против влез на арапски клуб во регионалната лига.

Девет клубови гласаа за влез на Дубаи, додека Будуќност од Подгорица не присуствуваше на состанокот.

Минатата недела претставниците на АБА лигата го имаа првиот состанок на кој тема беше Дубаи, а одлуката беше продолжена за седум дена бидејќи клубовите од АБА лигата побараа посилна финансиска понуда.

Сега на ред е Евролигата, бидејќи Дубаи ја чека потврдата за судбината во европските натпреварувања.

Се очекува првата сезона да се игра во Еврокупот, а потоа да стане член на Евролигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО