Дресот на Лионел Меси најпродаван во МЛС лигата

Прес-службата на американската МЛС фудбалска лига ја објави листата на играчи чии дресови се најпродавани во 2024 година (од 1 јануари до 30 април).

На врвот на листата е аргентинскиот напаѓач Интер Мајами, Лионел Меси, на второто е неговиот соиграч Луис Суарез, а на третото, Лучијано Акоста од Синсинати.

Во првите 10 се и Хернандез (Колумбус), Рики Пуиг (ЛА Галакси), Педро де ла Вега и Џордан Морис (двајцата Сиетл), Хани Мухтар (Нешвил), Јоргос Јакумакис (Атланта јунајтед) и Емил Форсберг (Њујорк Ред Булс).

Меси минатото лето дојде во Интер Мајами од ПСЖ. Во минатиот период тој настапи на 29 натпревари на кои постигна 25 гола и имаше 16 асистенции.

Интер Мајами има петмина играчи во „топ 25“ најпродавани дресови во МЛС. Покрај капитенот на тимот, Меси, Суарез, таму се Жорди Алба (18) Серхио Бускетс (24) и Бенџамин Кремаски (25).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО