Реал Мадрид никако не го заборава придонесот на Дражен Петровиќ во белиот дрес, па иако не е меѓу живите, тие редовно се потсетуваат на него.
Кобниот 7 јуни 1993 година засекогаш остана силно врежан во сеќавањата на навивачите на Дражен, денот кога го загубија својот миленик во сообраќајна несреќа.
Хрватот остави неизбришлива трага во кралскиот клуб, настапуваше сезоната 1988/89, а Реал со задоволство, но и тага, се присеќа на тие моменти.
По повод смртта на Петровиќ, Реал по 31 година му посвети посебен видео материјал.
💫 31 años sin Petrovic. pic.twitter.com/sBi4pzR0d7
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) June 7, 2024