Драматичен пад на Килде – тренерите се фаќаа за глава

Швајцарскиот скијач Марко Одермат е победник во спустот во Венген.

Одермат до својата 31. победа во Светскиот куп, а втора во спуст, дојде со остварен резултат од 2:25:64.

Швајцарецот славеше пред францускиот натпреварувач Сипријан Саразан, кој вчера победи во супервелеслалом во Венген.

На последното скалило на подиумот се искачи италијанскиот натпреварувач Доминик Парис, кој зад победникот заостануваше скоро цели 2 секунди.

Денешниот спуст го одбележа и падот на Норвежанецот Александер Омот Килде, кој најверојатно доживеа тешка повреда на десното коло. Тој ја загуби контролата и заврши во заштитната ограда, па со хеликоптер беше изнесен и префрлен до најблискиот клинички центар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО