Доста ниско и несовесно – минута молк за Бекенбауер, но Саудијците направија скандал

На синоќешниот меч помеѓу екипите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, му беше оддадена почит на Франц Бекенбауер, легендата на германскиот и светски фудбал.

Името на Бекенбауер е тешко во европски и светски рамки и ја заслужува целосната почит, а на споменатиот меч, доби и минута молк на теренот.

Но тоа во целост не беше испочитувано од тамошната публика, односно беа упатени свирежи, додека играчите на двете екипи ја почитуваа минутата молк. Првично беше нејасно зошто домашните фанови ја свират одлуката на УЕФА да му додели минута молк на Бекенбауер.

– Свирежите немаа врска со Бекенбауер, во прашање е културолошко прашање. Овде е традиција сите да бидат незадоволни и данегуваат кога има минута молк, порачаа тамошните медиуми.

Несомнено дека тоа беше грда слика која домаќините ја испратија низ светот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО