Дончиќ ја раскина свршувачката и најави правна битка за старателство

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ потврди во интервју за американските медиуми дека ја раскинал свршувачката со неговата партнерска Анамарија Голтес со која има две ќерки и најави правна битка за родителско старателство.

„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè на светот и направив сè што е во моја моќ да ги имам со мене во САД за време на НБА сезоната. Сепак, тоа не беше можно, па неодамна донесов тешка одлука и ја раскинав свршувачката. Сè што правам е за среќа на моите ќерки и ќе се борам да им обезбедам најдобар живот“, изјави Дончиќ за телевизијата ЕСПН.

Според порталот ТМЗ, Голтес поднела барање во сојузната држава Калифорнија за алиментација од Дончиќ и надомест на судските трошоци. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс од своја страна одговори дека „не е запознат со какво и да е барање од неговата поранешна свршеница“.

Дончиќ и Голтес, кои се познаваат уште од рана младост, беа во врска од 2016 година, а се свршија на 7 јули 2023 година. Првата ќерка им се роди во Далас, во ноември 2023 година, додека втората во декември минатата година во Словенија.

ФОТО: миа

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО