Дончиќ блескаше, Јокиќ не играше – Лејкерси го победија Денвер

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Денвер со 120:108 и ја оствари третата последователна победа.

Лејкерси ги предводеше Лука Дончиќ со 31 поен, девет скока и седум асистенции, а сите ги постигна во три четвртини. Слобенецот 21 поен постигна во првата четвртина која Лејкерси ја добија со 46:29.

Остин Ривс додаде 22 поени, осум асистенции и пет скока, а Доријан Фини Смит постигна 14 поени.

Во деветтата последователна победа на Лејкерси на домашен терен, Гејб Винсент и Далтон Кнехт постигнаа по 12 поени.

Леброн Џејмс и Руи Хачимура го пропуштија натпреварот поради повреди.

Тимот на Денвер играше без Никола Јокиќ поради повреда на лактот, а Џамал Мареј поради повреда на скочниот зглоб.

Најефикасен беше Арон Гордон со 26 поени и 11 скока, Џејлен Пикет постигна 14 поени.

Расел Вестбрук додаде 12 поени и девет асистенции, а Мајкл Портер и Пејтон Вотсон исто така постигнаа по 12 поени.

 

Резултати:

Индијана – Далас 135:131

Орландо – Хјустон 108:116

Мајами – Детроит 113:116

Минесота – Њу Орлеанс 115:119

Оклахома – Филаделфија 133:100

Сан Антонио – Њујорк 120:105

Јута – Вашингтон 128:112

ЛА Лејкерс – Денвер 120:108

Феникс – Чикаго 127:121

Портланд – Мемфис 115:99

Сакраменто – Кливленд 123:119

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО