Формула 1 планира да ја прошири територијата на одржување на трки во календарот. Шефот на Формула 1 натпреварувањето, Стефано Доменикали, изјави дека во наредните сезони серијата треба да објави одржување на Гран при трки и на некои сосема нови места.
Поради силната побарувачка и стандардите што ги бараме кога работиме со промоторите, видовме подобрување на квалитетот на побарувачката и економскиот придонес и за промотерите и за нас во последните неколку години. И силната побарувачка покажува дека стратегијата е навистина точна. Сега треба да одржиме рамнотежа помеѓу различните земји кои бараат различни Гран-при настани. Сè оди многу, многу добро. И би рекол дека во следните неколку години очекувам да видам некои нови локации кои би можеле да бидат многу атрактивни за раст на бизнисот во Ф1, рече Доменикали.