Долга пауза го чека дефанзивецот на Њукасл

Дефанзивецот на Њукасл – Свен Ботман ќе биде опериран, соопштија од клубот. Дефанзивецот заработи повреда на коленото на дербито со Манчестер Сити поради што е потребна операција.

Операцијата ќе биде извршена следната недела. Според информациите од „Сент Џејмс Парк“, Ботман ги оштетил предните вкрстени лигаменти на коленото и неговото опоравување ќе трае меѓу шест и девет месеци.

Холанѓанецот доживеа слична повреда во септември 2023 година, но тогаш тој и медицинскиот тим на Њукасл одлучија да не се оперира. По четиримесечно опоравување, Ботман се врати на теренот во декември.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО