Добра вест за Ливерпул: Салах спремен за утрешниот меч со Брентфорд

Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах се опорави од повредата од пред еден месец на Купот на Африка со Египет, и подготвен е за игра на утрешното гостување кај Брентфорд.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп, кој  потврди дека десниот бек Трент Александер-Арнолд, кој ја обнови повредата на коленото на мечот против Барнли, ќе пропушти неколку недели и нема да биде спремен за финалето во Лига купот против Челси на 25 февруари на „Вембли“.

На мечот со Брентфорд, Клоп не ќе може да смета на уште еден повреден играч, на Унгарецот Доминик Собослаи. Но добра вест е враќањето во тимот на младиот, 20-годишен бек, Ирецот Конор Бредли кој отсустуваше поради смртта на неговиот татко.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО