Димитриевски: Со максимална дисциплина во играта можеме до поволен резултат

Во име на играчите, пред пријателскиот натпревар против Чешка на прес-конференцијата говореше голманот Столе Димитриевски. Нашиот искусен голман истакна дека вака силните тестнатпревари како со Чешка и Хрватска се корисни за нашата иднина.

– Нормално дека Чешка е феноменален противник, затоа што таму е каде што се најдобрите, на Европското првенство. Имавме два до три дена да се подготвиме за неа, треба да направиме некои корекции за да дојдеме до подобра дисциплина во играта и подобро да бидеме подготвени за мечот. Сакаме подобар резултат од претходниот, овој меч за нас е последен пријателски меч пред следните квалификации кои ни следат, така што гледаме на мечот како доста важен за да се формираме и стабилизираме за следните квалификации. Мора да излеземе на терен со максимална дисциплина, само така можеме до поволен резултат, изјави Димитриевски.

Натпреварот меѓу селекциите на Чешка и Македонија е закажан за 10 јуни, со почеток во 18:00 часот во градот Храдец Кралове.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО