Алкараз го победи Зверев и за прв пат е победник на Ролан Гарос

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал, доби наследник на престижниот турнир Ролан Гарос. Карлос Алкараз го освои грен слем турнирот во Париз по одличен меч против Александар Зверев од Германија што заврши со 3:2, во сетови 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2.

Во последните 20 години на Ролан Гарос во Париз доминираат шпанските тенисери, а само шест пати триумфирал тенисер кој не е од Шпанија. Надал освои 14 титули на турнирот, а за Карлос Алкараз ова е прв трофеј во Париз со кој влегува во друштво на неговите сонародници Надал, Фереро, Коста, Моја, Бругера, Химено и Сантана кои успеале да го освојат овој турнир.

За Карлос Алкараз ова е прв трофеј на Ролан Гарос, вкупно трет грен слем по освојувањето на САД Опен (2022) и Вимблдон (2023).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО