Фудбалерот на Данска – Томас Дилејни, сосема нормално беше разочаран откако неговата репрезентација отпадна во 1/8-финалето на ЕУРО 2024. Скандинавците загубија со 0:2 од домаќинот Германија и се простија од турнирот.
– Горд сум што го носам дресот на репрезентацијата, тоа е емотивен момент. Секако, овој натпревар беше поемотивен од другите бидејќи сакавме да ги израдуваме нашите навивачи. Тажни сме што не успеавме. Во моментов ни е многу тешко, рече Дилејни.
– Разочарани сме, но во исто време сме горди. Многу страдавме денеска, но беше одлично да се соочиме со овој добар тим, додаде играчот од средниот ред.