Дидие Дешам ќе остане на чело на француската репрезентација и покрај вчерашниот неуспех и елиминацијата во полуфиналето од ЕП.
Тоа го потврди и првиот човек на Фудбалската Федерација на Франција, Филип Диало, јасно ставајќи до знаење дека Дешам нема да добие отказ и ќе го одработи остатокот од договорот, заклучно со СП 2026.
– Дидие Дешам останува селектор. Тој има договор до 2026 и ја оствари првата цел што му беше дадена на овој европски шампионат. Не гледаме потреба воопшто да разгледуваме за прекин на соработката, резултатите од минатото говорат најдобро за квалитетите на нашиот селектор, Дидие ќе ја продолжи својата мисија со репрезентацијата, изјави Диало.