Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало, изјави дека пред пријателскиот натпревар Франција – Чиле ќе има едноминутно молчење во почит кон жртвите на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск, кај Москва.
– Кога ќе се случат такви настани, ние мора да покажеме солидарност со народот на Русија, рече Диало.
Пријателскиот натпревар Франција – Чиле ќе се одигра денеска во Марсеј, на стадионот „Велодром“, со почеток во 21 часот.