Само што се врати од еднонеделната пауза поради повреда, американскиот центар Џоел Ембид доби удар во лицето. Во борба со противничкиот играч Бенедикт Матурин, беше удрен по лицето, по што се најде на подот.
Подоцна му била констатирана скршеница на синус, а со дополнителни испитувања допрва ќе се утврдува дали има дополнителни скршеници и проблеми.
Најверојатно ќе има уште една пауза во сезона во која одигра само шест од 23 натпревари.