На атлетските патеки во Париз на ЛОИ ќе не очекуваат многу возбудувања, а то аго најавува резултатот кој го покажа Австралијката Џесика Хал. На само две недели до почетокот на Олимписките игри во Париз таа успеа да собори светски рекорд на 2000 метри.
На митингот од Дијамантската лига во Монако го собори е светскиот рекорд на 2.000 метри во женска конкуренција откако победи со време 5.19:70 минути и стана нова светска рекордерка на оваа дистанца.
28-годишната Џесика Хал оваа година на Светското првенство во сала го освои четвртото место на трката на 3.000 метри.
Со овој резултат само најави дека во Париз повторно ќе биде меѓу фаворитките за медал, а дека ќе атакува и на нов рекорд.