Новиот договор не му гарантира на Перез дека ќе остане во Ред Бул

Светот на Формула 1 често е суров и не простува грешки или лоша форма.

Мексиканскиот Формула 1 возач Серхио Перез го продолжи договорот со тимот на Ред Бул до 2026 година, но тоа не му гарантира место во болидот.

Последната победа Перес ја забележа во април 2023 година на трката за Големата награда на Азербејџан, а оваа сезона имаше едно второ и две трети места, а на последните пет трки освои само 11 бода.

На пример, тој често не стигнуваше до третиот дел од квалификациите, а не ги заврши трките во Монако и Канада, додека на трката во Англија на патеката Силверстоун го освои 17-то место.

По лошите резултати, започнаа шпекулациите дека во неговиот договор има одредени клаузули кои доколку бидат прекршени може да го остават без работа.

„Сите договори во Формула 1 имаат излезни клаузули, од кои повеќето се поврзани со перформансите. Ќе имаме евалуација за време на летната пауза и потоа ќе донесеме одлука“, рече советникот во Ред Бул, Хелмут Марко.

Се наведува дека последниот збор ќе го има Кристијан Хорнер а како замена за Перез веќе се споменува Даниел Рикардо, Австралиецот кој веќе возеше за Ред Бул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО