Home Featured Џанлуиџи Буфон е добитникот на „претседателската“ награда на УЕФА

Џанлуиџи Буфон е добитникот на „претседателската“ награда на УЕФА

0
Џанлуиџи Буфон е добитникот на „претседателската“ награда на УЕФА

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, ќе ја добие наградата „Претседател“ на УЕФА за 2024 година.

Еврoпската фудбалска унија (УЕФА) ja доделува оваа награда од 1998 година, за извонредни достигнувања, професионализам и примерни лични квалитети.

Малкумина толку долго време беа на врвно ниво, ретко и некој голман како Буфон, кој имаше неверојатна, успешна 28-годишна кариера.

Со 176 репрезентативни настапи за „азурите“ Буфон е голман-рекордер на сите времиња, играч со најмногу настапи во историјата на италијанската репрезентација и четврти европски играч со најмногу настапи на сите времиња.

Тој го достигна врвот на кариерата во 2006 година, на Светското првенство (СП) 2006 во Германија, на кое Италија стана шампион.

Буфон освои рекордни 10 титули во Серија А, победи во Купот на УЕФА 1999 година, освои шест трофеи во Купот на Италија во клупскатата кариера, бранејќи за Парма и за Јувентус, со краток престој во ПСЖ.

Првиот човек на УЕФА, Словенецот, Александер Чеферин, му оддаде почит на Буфон за „огромните способности, долговечност, решителност и доследност кои беа инспирација за фудбалските навивачи ширум светот“.

– Буфон е играч на кој му се восхитувам откако за прв пат се појави како млад, харизматичен голман за Парма во средината на 1990-те. Освен неговото присуство меѓу стативите, неговата долговечност и одлучност го прават инспирација за фудбалските навивачи ширум светот, изјави Чеферин.

Буфон се пензионираше пред една година, завршувајќи ја кариерата каде што ја почна, во ноември 1995 година, во Парма.

Наградата на Буфон ќе му биде врачена на церемонијата на ждрепката за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ) што ќе се одржи на 29 август во Монако.