Џајиќ: Пикси ќе остане селектор на Србија до 2026 година

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Драган Џајиќ денеска изјави дека очекува да го продолжи договорот со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси до 2026 година.

– Деновиве се зборуваше за тоа, очекувам да потпишеме договор со Стојковиќ до 2026 година. Потребен е континуитет, мислам дека тоа е логичен, нормален и очекуван епилог“, изјави Џајиќ за „Танјуг“.

Србија на 21 март во Москва ќе одигра пријателски натпревар против Русија, а четири дена подоцна „орлите“ ќе се сретнат со Кипар во Ларнака.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО