Ариса Тру, 14-годишната сензација од Австралија, испиша историја на Олимписките игри (ОИ) во Париз освојувајќи го златниот медал во скејтборд.
Минатата година, Ариса стана првата жена што изведе „720“, две целосни ротации во воздух, а во мај стана првата жена што изведе „900“, две и пол ротации.
На сончевиот Плоштад Конкорд во Париз, Ариса ја продолжи серијата успеси. Таа стана првата Австралијка која освоила златен медал во скејтборд на ОИ, придружувајќи му се на Киган Палмер, која го освои златото во Токио 2021-та.
На само 14 години, Ариса стана најмладиот олимписки шампион од Австралија, што е значајно достигнување со оглед на долгата, успешна историја на оваа нација на ОИ.
Ариса победи пред 15- годишната, Јапонка Коконе Хираки, која освои сребро, и пред Британката, 16-годишната, Скај Браун, која го одбрани бронзениот медал од Токио.
Ариса, која има јапонско-австралиско потекло, почнала да се занимава со скејтборд на седумгодишна возраст, како алтернатива на сурфањето во студените зимски денови. Горда на своето јапонско наследство, Ариса рече: „Мајка ми е Јапонка и јас ја сакам Јапонија, а сите јапонски скејтери се неверојатно добри“.