Дешам прави само една промена за мечот со Португалија

Селекторот на Франција, Дидие Дешам планира да направи само една измена во стартниот тим за четвртфиналето на Европското првенство со Португалија, во однос на осминафиналето со Белгија.

Според информациите, на натпреварот со Португалија, францускиот селектор ќе стартува со истите играчи од последниот меч, со само една промена. На местото на Маркус Турам во првиот тим ќе стартува напаѓачот на ПСЖ Рандал Коло Муани.

Репрезентацијата на Франција вечерва во Хамбург ќе очекува победа над Португалија за место во полуфиналето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО