Дербито Шкендија – Вардар, сепак, во недела во Тетово

Шкендија вечерва потврди дека по нивно барање и во договор со Фудбалската федерација на Македонија, мечот со екипата на Вардар од 21. коло на ПМФЛ ќе се одигра в недела.

Првично беше објавено дека дуелот ќе биде на програмата в сабота.

Натпреварот Шкендија – Вардар ќе се одигра во Тетово во првичниот термин, 03.03.2024 година, со почеток во 14:00 часот. Оваа одлука ги исполнува желбите на нашите навивачи, обезбедувајќи им целосна можност да учествуваат и да го поддржат тимот на овој важен натпревар, објавија од Шкендија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО