Дензел Дамфрис е нов играч на Реал

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис (30) е нов играч на Реал Мадрид.

Николо Скира, а по него и Фабрицио Романо, тврдат дека договорот е веќе завршен и дека лично Жозе Мурињо го договорил трансферот.

Реал на крајот ја активирал клаузулата за откуп на договорот на Дамфрис, коај стапи на сила од 1 јуни. Холанѓанецот пристигнува во Реал за 25 милиони евра.

Според извештаите, сè е договорено меѓу играчот и клубовите, сè што останува да се направи во наредните денови се формалностите околу потпишувањето.

Дамфрис пристигна во Интер пред пет години од ПСВ и стекна репутација на врвен десен бек. Тој одигра 207 натпревари за Интер и постигна 27 гола со 28 асистенции. Во Дамфрис, Мурињо го гледа наследникот на Дани Карвахал, кој го напушти клубот на крајот од сезоната. Дамфрис ќе се бори за место во тимот со Трент Александар-Арнолд.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО