Денот кога и небото плачеше за Фелипе Маса: Бразилецот верува дека уште е во игра за титулата

оранешниот возач на Ферари, Фелипе Маса, поднесе обвинителен акт на судот во Лондон против ФИА, од кои бара да му се додели титулата од 2008 година на зелена маса, сметајки дека тој е шампион од таа сезона.

Но околу таа ситуација дека Фелипе Маса е во право и дека заслужува да биде крунисан како шампион, неодамна се согласи и Берни Еклстоу, првиот човек на Ф1 до пред некоја година. Меѓутоа, нешто подоцна во едно интервју даде сосема спротивна изјава, дека не се сеќавал на тој момент кога ја дал изјавата.

– Мислам дека веќе реков што имам околу тоа, реков во разговорите, тоа е нешто за кое ќе се борам до крајот и тоа е единствено што можам да ви кажам сега, одлуката не зависи од мене. Имам група на луѓе кои стручно и темелно работат на случајот.

– Навистина верувам дека можеме да ги добиеме на суд, едноставно е, се бориме за правдата да биде задоволена, затоа што тоа што ми се случи не беше праведно, порача Фелипе Маса.

Бразилецот и понатаму е убеден дека може да го добие спорот на суд, односно дека тој е шампион во 2008 година, а не Луис Хамилтон, кој тогаш во болидот на Мекларен, во доста бурен редослед на настани, ја освои титулата светски шампион.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО