Дени Марфи, поранешниот играч на Ливерпул и на Англија, зависник од кокаин!

Поранешниот играч од средниот ред на Англија, Дени Марфи, вели дека станал зависен од кокаин по завршувањето на играчката кариера.

Марфи играше за Кру Александра, Ливерпул, Чарлтон, Тотенхем, Фулам и за Блекбурнгпред да се пензионира во 2013 година. Оттогаш тој работи како стручен коментатор за „Би-би-си спорт“, како и за други медиуми, вклучувајќи го и Токспорт.

– Кога го немате фудбалот, проблемите стануваат огромни. Кога играте фудбал, адреналинот и допаминот ве одржуваат и ви помагаат брзо да размислувате и да бидете енергични. Земав кокаин и пушев „трева“. Без пијалок можев да живеам, не бев алкохоличар. Можев да седам во куќа полна со алкохол и да не го пијам, изјави 47-годишниот Марфи за Подкастот „Бен Хит“.

На прашањето дали е зависник од кокаин, Марфи рече:„Некое време бев. Дојдов до точката кога мислев дека не можам ништо да направам без него, што беше глупост, секако дека можев. Првично се справувате со тоа, можеби ќе го правите еднаш, двапати неделно, дајте си дополнителен трет ден“, рече Марфи, додавајќи дека нашол поддршка и оти терапијата му помогнала да се справи со проблемите.

Марфи му се приклучи на Ливерпул во 1997 година и на „Енфилд“ мина седум години. Беше дел од тимот што го освои ФА купот, Лига купот и Купот на УЕФА во 2001 година. Во тој период ги одигра и деветте натпревари за Англија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО